„Кога само би се согласувале и би поддржувале (други земји – потенцијални опоненти на Русија), ние би биле добри за сите. Вистина, постепено би ја губеле својата важност, а следен чекор по губењето на својата важност, мислам, би било и ненадоместливото губење на нашиот суверенитет и губењето на перспективите за во иднина. Е тоа никогаш нема да го дозволиме“, изјави Путин на форумот на Општорускиот народен фронт, пренесува ТАСС.
„Таков фактор - независен, ефикасен, кој си ја знае цената и има свои сопствени интереси и е способен да ги објави, тешко дека е потребен некому. Таквите се обидуваат малку да ги запрат, да ги постават на место“, смета рускиот претседател.
„Нам од никого ништо не ни треба освен она што ни припаѓа. И подготвени сме да бараме компромис. Разбираме дека светот не се состои само од нашите интереси, и другите имаат интереси“.
Претседателот на РФ е убеден дека за хармонија во светот сите партнери треба да ги имаат предвид интересите на другиот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче