Руската војска добива нови ракетни фрлачи „Торнадо-С“ и „Ураган-1М“

Новите повеќецевни фрлачи на ракети работат на поголеми далечини и имаат помоќни ракети, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Најновите повеќецевни ракетни фрлачи „Торнадо-С“ (калибар 300 мм) и „Ураган-1М“ (220 мм) веќе стануваат дел од вооружувањето на руската армија.

Ова во саботата го соопшти началникот на управата за обезбедување на државните нарачки за одбрана полковник Михаил Осико во програмата на радиото „Рускаја служба новостеј“.

„Денес како замена за ракетните системи „Град“, „Ураган“ и „Смерч“ кај нас веќе пристигнуваат во вооружувањето новите системи: место „Града“ – „Торнадо-Г“, место „Ураган“ – „Ураган-1М“, место „Смерча“ – „Торнадо-С“. Тие ракети работат на поголеми далечини и имаат помоќни ракети“, изјави Осико.

Нивната прецизност, според зборовите на полковникот, е значително поголема.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња