„Блумберг“: САД загубија од Русија во „пченичната војна“

Американската пченица ја загуби привлечноста поради силниот долар, климатските промени и малите приноси, пишува „Блумберг“.

Америка го загуби лидерството на пазарот на пченица и сега може да падне на трето место по извоз на жито, по Русија и Канада, пишува „Блумберг“.

Според податоците на Министерството за земјоделство на САД, околу две петтини од пченицата што ја произведуваат американските фармери оди за извоз. Меѓутоа во последно време факторите како што се силниот долар, климатските промени и малите приноси го прават американското жито помалку конкурентно, потенцира изданието.

„Изминативе децении обемот на полиња посеани со пченица се намалуваше непоколебливо. Сега на времето кога американската пченица беше најпопуларна на глобалниот пазар му се приближува крајот“, истакнува авторот на статијата.

САД уште во 2014 година беа на првото место по извоз на пченица. Меѓутоа, според оценките на експертите, истата година извозот опадна за 9,3% - на 21,1 милиони тони по сезона, која официјално завршува на 31 мај. Според податоците на владата, тоа е најнискиот показател од 1972 година, пишува „Блумберг“.

Сега неспорен лидер на пазарот стана Русија, а нејзиниот Црноморски регион може да се пофали со извонредно поволни услови за одгледување на жито, истакнува изданието.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња