Поранешната државна секретарка на САД Медлин Олбрајт во интервјуто за „Ди Пресе“ изјави дека Русија непрестајно провоцира други земји, а потоа се однесува како да е навредена.
„Преку глава ми е тоа што за потезите на Москва постојано се бара оправдување“, изјави таа. Според нејзиното мислење, Русија ја почнала операцијата во Сирија само за да го оттргне вниманието од Украина и да го зајакне своето влијание на Блискиот Исток.
„Путин е паметен, но навистина лош човек. Тој, како офицер на КГБ, сака да држи сѐ под контрола и смета дека сите коваат некакви завери против Русија. Тоа не е точно. Путин има слаби карти, но мошне добро ги користи, смета Олбрајт.
Притоа претседателот на Русија со своите дејствија се обидува да ја дискредитира Европската унија и да внесе раздор во неа, како о да го протера НАТО од руската сфера на влијание, изјави поранешната шефица на Стејт департментот.
Како што тврди Олбрајт, Путин го поддржува национализмот во земјата за да го сокрие фактот дека Русија е всушност „само Бангладеш со атомско оружје“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче