Медиуми: „Панамските документи“ повод за проширени санкции против Русија

Според информациите на изворите на агенцијата „Блумберг“, Министерството за финансии на САД може да воведе казнени мерки против физички и правни лица за кои ќе смета дека ги прекршувале антируските санкции.

Вашингтон има намера да ги проучи таканаречените „Панамски документи“ за да види дали во нив фигурираат лица и компании кои ги прекршиле антируските санкции, соопшти во средата американската агенција „Блумберг“.

Според информациите на изворите на агенцијата „Блумберг“, Министерството за финансии на САД може да воведе казнени мерки против физички и правни лица. Агенцијата истакнува дека американскиот финансиски ресор, како што се очекува, ќе презентира обновен список со луѓе и институции против кои ќе важат санкциите на САД во јуни оваа година.

Минатата година одделот на Министерството за финансии на САД – Управата за контрола на странски активи – веќе воведе казнени мерки против они кои работеле против антируските санкции. Министерството за финансии на САД не даде официјален коментар во врска со тоа.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња