2 недели руски филм со титл – бесплатно и онлајн

Lori / Legion-Media
И оваа година на сајтот на „Росијскаја газета“ ќе се одржи онлајн филмскиот фестивал „Дубл дв@“

Од 11 до 22 април на сајтот на „Росијскаја газета“ по седми пат ќе се одржи уникатниот онлајн филмски фестивал „Дубл дв@“. Целта на фестивалот е да им прикаже на гледачите руски филмови, кои од разни причини не се пуштени за широката публика. Сите филмови на фестивалот ќе се прикажуваат бесплатно онлајн и ќе бидат достапни во рок од 48 часа. Најголемиот дел од нив се со англиски титли.

Помеѓу учесниците во официјалната програма се историскиот филм за витепскиот период од животот на гениите на рускиот авангардизам „Шагал – Малевич“ на Александар Мита; трагикомедијата „Еднаш“ на режисерот и заменик-претседател на меѓународната асоцијација на продуцентскиот еснаф (FIAPF) за Европа Рената Давлетјарова; тинејџерската драма „14+“ на Андреј Зајцев која беше прикажана во програмата Generation 14plus на Берлинскиот филмски фестивал минатата година.

 Надвор од официјалната програма на фестивалот ќе бидат прикажани филмовите на режисерот Ељдар Рјазанов, автор на „Иронија на судбината, или На здравје бањање!“, „Жестока романса“ и други филмски хитови, кој почина во ноември минатата година.

Наградата за придонес во филмската уметност оваа година ќе му биде доделена на режисерот Сергеј Соловјов, кој во 1987 година го сними еден од најзначајните филмови на постсоветскиот период „АССА“.

Сајтот на фестивалот: d2.rg.ru

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња