„Можам само да кажам дека е совршено јасно што очекуваше руската страна од Анкара после сѐ, а се мисли на убиството на нашиот пилот, откако нашиот авион беше соборен од руското Воено воздухопловство. Засега тоа не е направено, во таа насока не е направена ни најмала алузија, поради што може само уште еднаш да се изрази жалење“, рече Песков.
Портпаролот на Кремљ додаде дека приведувањето во Турција на терористот кој се прогласи за одговорен за убиството на рускиот пилот, сѐ уште е сѐ непознато, вклучувајќи го тоа за што ќе биде обвинет. Исто така не се знае како турските обвинители ќе го третираат убиството.
На прашањето дали Москва останува на тврдењето дека виновниците за убиството на рускиот пилот ќе одговараат за стореното, тој одговори „секако дека ќе одговараат“.
Претходно турскиот претседател ја повика Русија на воспоставување соработка со цел решавање на регионалните проблеми. Ердоган нагласи дека без оглед на острата реакција на Москва по повод инцидентот со авионот Су-24, регионалните проблеми налагаат обнова на соработката меѓу двете земји, затоа што Русија и Турција се географски важни земји. Тој изрази надеж дека Русија ќе ја процени таквата потреба, пренесува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче