Киев подготвен да купува руски гас по пазарна цена

Украина е подготвена да купува руси гас по пазарна цена, изјави украинскиот министер за енергетика и рударство Владимир Демчишин.

„Ако „Гаспром“ ни предложи пазарна цена, нема да ја следиме политичката задача да не се согласиме на таа цена“, рече украинскиот министер Демчишин.

Тој додаде дека смета дека праведната цена е „далеку под 180 долари“ за илјада метри кубни гас, пренесува РИА Новости.

Медиумите на 31 март пренесоа дека „Нафтогас на Украина“ е подготвен да позајми од меѓународните финансиски институции околу 500 милиони долари за грејната сезона 2016-2017. Претседателот на компанијата Андреј Коболев прецизираше дека таа сума нема да биде доволна и затоа гасот ќе се купува и со средства на „Нафтогас на Украина“.

Истиот ден од украинскиот холдинг изјавија дека од 1 април немаат намера да купуваат руски гас.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња