Медиуми: Бридлав повика на враќање на шпионските авиони во ЕУ заради РФ

Командантот на здружените вооружени сили на НАТО во Европа смета дека разузнавачките авиони У-2, кои беа користени од САД во текот на студената војна, се потребни за спротивставување на „нараснатата закана од страна на Москва“.

Генералот на ВВС САД, командант на здружените вооружени сили на НАТО во Европа Филип Бридлав изјави за потребата од враќање на разузнавачките авиони У-2 во ЕУ за вршење операции над Русија, пренесува весникот „Индепендент“.

Авионите У-2 активно беа користени од страна на ВВС САД во текот на студената војна.

Според мислењето на Бридлав, тие можат да бидат средство за дополнително разузнавање, потребно за ефикасно спротивставување на „нараснатата закана од страна на Москва“, пишува весникот.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња