Путин: Ќе примениме ПВО во Сирија по сите цели кои ќе ги сметаме за закана

Руските системи за ПВО ќе бидат на постојано борбено дежурство во Сирија и ќе се применуваат врз сите цели кои ќе бидат сметани за закана, соопшти претседателот на РФ Владимир Путин.

„Не би сакале да го правиме тоа. Воена ескалација не е наш избор“, изјави рускиот лидер.

Путин истакна дека системите за ПВО „Панцир-С“ и С-400 ќе продолжат да бидат на борбено дежурство во Сирија.

Претседателот на РФ денес исто така изјави дека Воздушно-космичките сили на РФ во Сирија во корен ја промениле ситуацијата со ширењето на тероризмот во САР, пренесува РТ на руски.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња