„Над амбасадата на Русија сега е украинското знаме“, напиша Мосијчук на „Фејсбук“.
Претходно беше соопштено дека учесниците во акцијата за поддршка на Надежда Савченко ја каменувале амбасадата на РФ во Киев, при што се оштетени прозорци и камери за видео-надзор.
Претходно портпаролот на амбасадата Олег Гришин изјави дека учесниците во протестот фрлале јајца врз зградата на амбасадата, пишува „Взгљад“.
Протестантите бараат Русија да го ослободи украинскиот пилот Надежда Савченко.
Синоќа непознати лица демолираа прозорци на три автомобили на руската амбасада во Киев.
Претставници на властите во Киев го поддржаа „мирниот протест“ на граѓаните пред амбасадата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче