Медиум: Путин ги користи слабостите на Обама

Русија предизвикува немир во светот и ги крши сите можни правила, „од анексијата на Крим до дестабилизацијата на истокот на Украиана, до воената интервенција во Сирија“, смета германскиот политиколог Алберт Штахел.

Експертот Алберт Штахел, автор на многу книги за геополитика и стратегија, наводно има објаснување за сите тие настани: станува збор за слабост на претседателот на САД.

„Обама ништо не презема, а Путин ладнокрвно ги користи слабостите на својот противник“, забележува Штахел во интервјуу за „Фокус Онлајн“.

„Обама е слаб кога се очекува од него да донесува одлуки, тој е неспособен да ги користи средствата со кои располага“, ги цитира германскиот портал зборовите на експертот. Кога се дозна дека „Путин ќе биде активен во Сирија, Обама едноставно можеше да нареди покрај сирискиот брег да дежураат носачи на авиони со 60-80 ловци и да каже: ова е граница која не смее да се помине! Тоа (американските авиони) би било 15 пати повеќе од оружјето со кое располага Путин во Сирија. Но Обама не стори ништо“; вели Алберт Штахел.

Руската  воена интервенција не е првиот случај кога Обама ја „преспа“ Сирија, смета тој. Американскиот претседател, според мислењето на Штахел, мораше да реагира уште кога американските власти во април 2013 ги објавија новите податоци за употребата на хемиско оружје во сириската граѓанска војна.

„Обама е адвокат. Тој е добар како говорник, ама слаб при донесувањето на одлуките“, објаснува Алберт Штахел. „Тој држи прекрасни говори, но слабо се разбира од остра надворешна политика и не размислува во тие категории. Тие способности се подобро развиени кај Путин. Путин ги користи сите можности со кои располага. Тој анализира ладнокрвно, прецизно и разумно, и се прашува кој ќе биде следниот чекор на противникот“. Тоа е како шах, тврди Штахел, и „Путин цело време го матира Обама“.

Германскиот политиколог исто така се надева дека на следните претседателски избори ќе обеди Хилари Клинтон. „Таа е посилна од повеќето мажи. И Путин конечно ќе добие противник по сила на себе“.  

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња