Путин и Асад разговараа за планот за прекин на огнот во Сирија

Сирискиот претседател го оцени предлогот на Русија и САД како важен чекор во насока на политичко решение и ја потврди подготвеноста на сириската влада да соработува за воспоставување на примирјето.

Претседателот на Русија Владимир Путин имаше телефонски разговор со сирискиот лидер Башар Асад. Тие ги разгледаа различните аспекти на кризата во Сирија во контекст на задачите за реализација на руско-американскиот план за прекин на огнот, соопшти прес-службата на Кремљ.

„Се зборуваше за различните аспекти на сириската криза во контекст на задачите за реализација на руско-американската изјава за прекин на огнот во Сирија од 27 февруари 2016 година“, се наведува во соопштението.

Асад го оцени предлогот на Русија и САД како важен чекор во насока на политичко решение  и ја потврди подготвеноста на сириската влада да соработува за воспоставување на примирјето.  

Путин и Асад ја истакнаа важноста на продолжувањето на бескомпромисната борба против ИД, Џебхат ан-Нусра и другите терористички организации, пренесува „Взгљад”.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња