Русија до 2020 сама ќе ги задоволи потребите од млеко, месо и зеленчук

Русија има намера во текот на следните четири години да дојде до степен кога сама ќе ги задоволува сопствените потреби од млеко, месо и зеленчук, изјави министерот за земјоделство Александар Ткачев на состанокот со премиерот на Русија Дмитриј Медведев.

„Планираме до 2020 година да постигнеме практично 100% сопствено задоволување на потребите од млеко, месо и зеленчук, а за овошјето ќе го задржиме увозот само во делот на цитрусното и егзотичното овошје, кои не растат на територијата на нашата земја“, изјави Ткачев, пишува „Взгљад“.   

Претходно во четвртокот Медведев изјави дека воведувањето на санкциите како одговор на мерките на Западот се покажа поволно за руските земјоделци, затоа што мерките за замена на увозот овозможиле да се зачува темпото на раст на гранката.

Медведев исто така побара пооперативно да се донесуваат решенија за субвенции за земјоделците.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња