Путин: Армијата е подготвена да ги брани Крим и Русија

Припадниците на Вооружените сили на РФ во текот на вежбите во Јужниот воен округ се покажаа во најдобро светло, војската постапува професионално и е подготвена да ја осигури безбедноста на земјата во јужните територии, вклучувајќи го и Крим, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

„Припадниците на Вооружените сили се покажаа во најдобро можно светло, постапуваат професионално и ја потврдуваат подготвеноста сигурно да ја осигураат безбедноста на Русија на југозападните стратешки области, вклучувајќи го и полуостровот Крим“, изјави Путин во текот на видео-конференцијата со командантите на единиците на руските Вооружени сили со учество на министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов, пренесува „Взгљад“.

„Практиката на спроведување непланирани проверки треба да биде продолжена“, рече Путин.

„Гледаме дека таа практика се покажа како многу добра и дека овозможува доследно зголемување на борбената ефикасност на војската и флотата, изедначеност на дејствијата на воените формации“, нагласи претседателот Путин.

Претходно генералот Валериј Герасимов пристигна на Крим за да ја контролира ненадејната проверка на борбената готовност на единиците и формациите на Воздушно-десантните сили и воено-транспортната авијација на Јужниот и Централниот воен округ.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња