Лавров: Членството на Црна Гора во НАТО нема да придонесе за безбедноста

Фактот дека НАТО непречено оди кон исток, зборува за целосното игнорирање на обврските дадени при распадот на Советскиот Сојуз, изјави шефот на МНР РФ Сергеј Лавров.

Зачленувањето на Црна Гора во НАТО е вештачка одлука и нема да им додаде на НАТО-вците безбедност, изјави министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров.

„Ние бевме убедени, како и сите што го смислија ова, дека ова е вештачка одлука, никаква безбедност ова нема да им додаде на НАТО-вците. Објаснувањата дека тоа го сака црногорскиот народ се во спротивност на аргументот дека, ако тоа е навистина така, тогаш зошто да не се спроведе референдум. Тие категорично не сакаат да се спроведе референдум, затоа што знаат дека, пред сѐ, народот, кој НАТО го бомбардираше уште пред две децении, го нема заборавено тоа и тешко дека со ентузијазам ќе ја прифати идејата на своето раководство „да се скријат многу нешта под тепих“ по пат на присоединување на НАТО“, изјави Лавров во интервјуто за весникот „Московски комсомолец“.

Според зборовите на Лавров, „самиот факт дека НАТО непречено се движи на Исток, кажува за потполно игнорирање на обврските што се даваа при распадот на Советскиот Сојуз, дека тоа нема да се случи, дека воената инфраструктура нема да се распоредува на териториите на новите членови (тоа беше веќе потоа, кога проширувањето стана реалност, и покрај уверувањата кои што се даваа), и, се разбира, кога ќе биде донесена декларација за тоа, дека никој нема да ја обезбедува во Европа својата безбедност за штета на безбедноста на други“.

„Тоа беше невистина која лидерите на западниот свет ја изговорија, ја ставија на хартија, ги ставија своите потписи на неа и категорично не сакаа и не сакаат да ја реализираат. Кога ние им предложивме да направат предлог за неделивоста на безбедноста како правно обврзувачка, тие категорично дадоа негативен одговор“, истакна Лавров.

Тој додаде дека „правни гаранции за безбедност има само во НАТО“.

„Тоа е вештачко создавање на ситуација, кога се манипулира со малите земји: „Ако се зачлените, тогаш безбедноста ќе ви иде гарантирана, а ако не се зачлените, тогаш нема да ве браниме“, изјави Лавров.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња