Германска министерка: Русија игра двојна игра во Сирија

Според мислењето на Урсула фон дер Лаен, Русија во Сирија игра двојна игра, а Москва се однесува цинично. Кремљ претходно бараше од германското раководство да сноси одговорност за своите изјави.

„Русија игра двојна игра“, изјави во интервју за „Ди Цајт“ германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лаен.

„Од една страна, Русија го покрива со бомби населението на градот Алепо, а од друга, вложува напори на мировните преговори да го зачува државното уредување на Сирија и завојуваните страни да покажат подготвеност да се договорат“, ги пренесува нејзините зборови ТАСС.

Коментирајќи ја изјавата на канцеларката Ангела Меркел за наводното страдање на цивилите во Сирија поради руското бомбардирање, во вторникот Кремљ повика на многу внимателен и одговорен однос спрема изјавите по повод Сирија и регулирањето на сириската криза.

Покрај тоа, портпаролот на МНР РФ Марија Захарова изјави дека не се презентирани никакви докази за руска одговорност за загинување на цивили. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња