Американските разузнавачи ја обвинуваат Русија за информативна војна

Директорот на Националната разузнавачка агенција (NSA) Џејмс Клепер ја обвини Русија за „информативна војна“ и „обиди за дискредитација на Западот“.

 Русија продолжува да го подига нивото на информативната војна, работејќи на разгорување на антиамериканското и антизападното расположение како во Русија, така и во пошироки, глобални размери, изјави Клепер во Конгресот на САД, пренесува РИА „Новости“.

Москва ќе продолжи да објавува лажни информации и доведува во заблуда, а сето тоа со цел да го дискредитира Западот, збуни или ја искриви сликата на настаните кои претставуваат закана за имиџот на Русија, да го саботира консензусот на останатите во однос на Русија и да ја заштити улогата на РФ како одговорна и водечка светска сила.

Во САД многу често на државно се нагласува потребата од „борба против руската пропаганда“. Во Конгресот редовно се одржуваат расправи на кои се зборува и особено нагласува телевизијата „РТ“.

Директорот на институтот „Мекејн“, поранешниот заменик-државен секретар на САД  Дејвид Крамер бараше да се замрзнат активите на „РТ“ и предложи затворање на телевизијата, како и на агенцијата „Спутник“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња