Почнува производството на суперевтината „Лада Приора“

Почетокот на производството на Лада Приора „Стандард“ е планиран за март 2016 година, а автомобилот веќе може да се нарача кај дистрибутерите.

Компанијата „АвтоВАЗ” почнува со производство на најевтината верзија на седанот Приора „Стандард” по цена од 389 илјади рубли (околу 4400 евра), пренесува агенцијата „Рамблер”. Оваа одлука е реакција на производителите на сменетата ситуација на пазарот на автомобили.

Почетокот на производството на Лада Приора „Стандард“ е планиран за март 2016 година, а автомобилот веќе може да се нарача кај дистрибутерите.

„Најдостапната „Лада Приора“ е наменета за клиентите на кои име е потребен сигурен автомобил со основен избор на опции, како и за државните структури и организации кои се финансираат од државниот буџет“, се наведува во соопштението на компанијата.

Комплетот „Стандард” вклучува воздушно перниче, светла за дневно возење, систем за спречување на блокирање на тркалата. Автомобилот има осумцилиндричен мотор од 1600 кубици, моќност од 87 коњски сили и петстепен менувач.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња