Лавров: Москва е изненадена од безусловната поддршка на Берлин за Анкара

Канцеларката на Германија Ангела Меркел ја нарече Русија главен виновник за настаните во Сирија и притоа не кажа „ни збор за очевидните факти: терористичката закана во Сирија се обезбедува со шверц преку турската граница во двата правци“, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Москва е изненадена од безусловната поддршка на Германија за Анкара во целата сириска приказна во која РФ е наречена главниот виновник за настанатото, изјави министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров.

„Што се однесува до Турција, нас нѐ изненади безусловната поддршка за Анкара во целата сириска приказна што беше објавена во текот на посетата на таа земја од страна на канцеларката на Германија Ангела Меркел. Притоа главен за виновник за она што се случува беше објавена Русија, затоа што, наводно, од нападите на нејзините ВКС се зголемуваат реките бегалци“, изјави рускиот министер во интервју за весникот „Московски комсомолец“.

Според неговите зборови, „ ни збор не беше кажан – барем јавно – за очигледните факти: терористичката закана во Сирија се обезбедува со шверц преку турската граница во двата правци“.   

„Натаму одат борци, оружје, пари и други работи потребни за продолжување на терористичката активност. А оттаму – нафта и други стоки забранети за комерцијални операции со терористите“, објасни Лавров.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња