Кремљ одговори на обвинувањата на Ердоган за окупација на Сирија

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков одговори на обвинувањата на турскиот претседател Ердоган дека Путин е окупатор во Сирија.

Изјавите на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, кој го нарече окупатор претседателот на Русија Владимир Путин, Кремљ ги смета за неточни и апсурдни, соопштува „Лента.ру“.  

Портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков потсети дека руските ВКС се наоѓаат на територијата на Сирија по барање на легитимното раководство на републиката. „Согласно тоа, не може да стане збор за никаква окупација, ни де јуре, ни де факто“, потенцираше Песков.

„Односите (на Русија и Турција) сега се во најлошата состојба во поседите неколку децении. Нам ни е многу жал. И дефинитивно констатираме дека Русија не е виновник за овие околности. Турција изврши агресивни предавнички дејствија и не даде извинувања. Затоа не може да се зборува за патишта на нормализација“, изјави Песков.

На 7 февруари во интервју за турскиот весник „Хуриет“, од кое делови цитираше агенцијата агенцијата „Блумберг“, Ердоган се обратил до Путин со зборовите: „Што правите во Сирија? Вие, фактички, сте окупатор“.

Еден ден претходно портпаролот на Ердоган Ибрагим Калин изјави дека Русија се однесува како „несериозна држава“ која става акцент на „бесмислена пропаганда, неоправдани обвинувања и измама“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња