Во Русија почнаа тестирањата на најновиот оклопен транспортер „Бумеранг”

„Бумеранг” е оклопно возило од нова генерација, со поефикасен систем на вооружување, сериозен систем за заштита (активна и пасивна) и современ систем за управување, објасни Александар Красовицки, генерален директор на производителот на ова возило.

Во Русија почнаа испитувањата на најновиот оклопен транспортер „Бумеранг”, кој првпат беше прикажан на Парадата на Победата на 9 мај 2015 година, соопшти  Александар Красовицки, генерален директор на „Военоиндустриската компанија” која го произведе овој модел.

„Веќе почнавме со прелиминарни испитувања на возилото. Во изработката на „Бумеранг“ учествуваат над 40 водечки претпријатија во Русија. Главниот дел од работите во производството на возилото и во испитувањата го спроведува нашиот инженерски центар“, изјави Красовицки, пренесува „Взгљад”.

Според неговите зборови, „Бумеранг” е „возило од нова генерација, со поефикасен систем на вооружување, сериозен систем за заштита (активна и пасивна) и современ систем за управување”.

„Военоиндустриската компанија” (спаѓа во состав на холдингот „Базовиј елемент“) е основана 2006 година и се занимава со производство на оклопни моторни возила на тркала, пред сѐ на оклопни транспортери и специјалните возила „Тигар”.

Красовицки додаде дека веќе постои интерес од странство за набавка на новите руски оклопни транспортери.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња