Во Екатеринбург уапсени членови на ИД

Со групата борци раководел терорист кој пристигнал од Турција. Според информациите на ФСБ, терористите планирале терористички напади во Москва, Санкт-Петербург и на Урал.

Уапсените во Екатеринбург седум члена на „Исламската држава“ планирале терористички напади во Москва, Санкт Петербург и на Урал, соопшти во понеделникот Центарот за врски со јавноста на ФСБ, пренесува РИА „Новости“.

„Федералната служба за безбедност на РФ на 7 февруари 2016 година во Екатеринбург уапси седум члена на бандитска група кои вршеле подготовка на терористички акти со употреба на самоделни експлозивни направи на територијата на... Москва, Санкт Петербург и Свердловската област“, се вели во соопштението.

Меѓу уапсените се граѓани на Русија и на земјите од Централна Азија.

Од ФСБ изјавија дека со групата раководел терорист кој пристигнал од Турција. Според информациите на ФСБ, по извршувањето на терористичките напади терористите планирале да заминат за Сирија за да учествуваат во борбените дејствија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња