Медиум: Велика Британија се подготвува за можен конфликт меѓу РФ и НАТО

Велика Британија тренира префрлање на оклопни единици во Јордан, но маневрите се насочени кон распоредување оружје и трупи во Источна Европа во случај на воена конфронтација меѓу Русија и Алијансата, пишува британски „Телеграф“.

Велика Британија ќе префрли над 1,6 илјади војници и 300 единици оклопна техника во Јордан, каде ќе се одржат воените вежби „Шамал Сторм“, соопштува весникот „Телеграф“.

Со помош на маневрите британската армија планира да одработи логички шеми за префрлање на вооружување и жива сила во кризни зони во секоја точка на земјината топка, истакнува изданието.  

„Маневрите „Шамал Сторм“ можат да станат одработување на вештини за префрлање на голем контингент на британските вооружени сили во Источна Европа во случај на конфронтација меѓу Русија и НАТО“, изјави неименуван извор во армијата на Велика Британија.

Без оглед на тоа што воените вежби ќе се одржат во Јордан, кој се граничи со Сирија, соговорниците на весникот негираат дека маневрите се на каков било начин поврзани со учеството на Велика Британија во борбата против „Исламската држава“.

„Тоа не се вежби насочени против „Исламската држава“. Напротив, ние пред сѐ се подготвуваме да ѝ се придружиме на САД во Украина, а не во Сирија“, изјави изворот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња