Амбасадор на РФ: Верзијата за терористички чин на A321 има нова потврда

Постојат апсолутно јасни факти кои го потврдуваат тоа дека уривањето на авионот А321 што се сруши над Синај беше терористички чин, изјави амбасадорот на РФ во Египет Сергеј Кирпиченко.

Руската верзија за терористички чин во авионот А321 што се сруши над Синајскиот полуостров добива нова потврда, изјави во интервју за РИА „Новости“ амбасадорот на РФ во Египет Сергеј Кирпиченко.

Според зборовите на шефот на руската дипломатска мисија во Каиро, „во информативното поле постојат многу верзии и обиди да се објасни тоа што се случи со авионот А321 над Синај“.

„Меѓутоа постојат апсолутно јасни факти. Како што е познато, руската верзија за настанот ја објави претседателот Путин. Оттогаш ништо не се смени. Напротив, она, што го кажа претседателот, добива нова потврда“, рече  Кирпиченко.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња