Рогозин: Никому не препорачувам да си ги мери силите со Су-35С во Сирија

Руските суперманеварски ловци Су-35С минатата недела почнаа да извршуваат борбени задачи во Сирија.

Потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогозин изјави дека не препорачува никому да се натпреварува со ловците Су-35С во Сирија.

„Искрено никому не советувам да се натпреварува со таа птица на небото на Сирија“, напиша тој на својот Фејсбук-профил и додаде снимка од 2013 година.

Суперманеварските ловци Су-35С минатата недела почнаа да извршуваат борбени задачи во Сирија, пренесува „Взгљад”.

Авионите Су-35 во авиобазата „Хмејмим“ во Латакија ќе вршат 24-часовно дежурство во парови, подготвени да полетаат секој момент .  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња