Кисинџер: Русија не е закана за САД

„САД не смеат да ја доживуваат Русија како закана за својата безбедност, туку како клучен фактор на новата глобална рамнотежа“, смета поранешниот државен секретар на САД Хенри Кисинџер.

Во статијата објавена во списанието „Национален Интерес“ Кисинџер пишува дека ниту една држава, колку и да е силна, не е во состојба сама да се бори со глобалните предизвици.

По завршувањето на студената војна судбините на САД и Русија станаа тесно поврзани. Но надежите за долга и продуктивна соработка не се реализираа. Место тоа, државите почнаа меѓусебно да се анатемизираат, се врати недовербата од времето на студената војна, смета Кисинџер.

Американскиот политичар потсетува дека за Русија, која со векови се брани од нападите од запад и исток, безбедноста секогаш била не само од правно, туку и од геополитичко значење. „Задачата која е сега пред нас е да ги обединиме правното и геополитичкото гледиште во една концепција“, предлага Кисинџер.

Тој е сигурен дека раководствата на САД и Русија мораат да најдат одговори на многу тешки прашања. Како САД да соработуваат со Русија која не ги споделува западните вредности, а притоа е незаменлив фактор во меѓународниот поредок? Како Русија да ги одбрани своите интереси во сферата на безбедноста а да не предизвика страв кај соседите и да не стекнува нови и нови непријатели? Може ли Русија да заземе таков став да биде почитувана во светот, а тоа да му одговара и на Вашингтон? На овие и на други прашања Кисинџер не дава одговори но повикува добро да се размисли за тоа.

Поранешниот американски државен секретар пишува дека моменталната нестабилност во светот не може да се спореди со претходните периоди. Претходно закана претставуваа државите кои имаат преголема власт. Сега заканите настануваат со губењето на државната власти зголемувањето на бројот на неконтролирани територии, пишува Кисинџер во својата статија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња