Рускиот воен советник што загина во Сирија предложен за одликување

Борците на „Исламската држава“ во текот на гранатирањето на гарнизон на сириската армија убија руски воен советник, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на РФ. Според неговите зборови, офицерот е предложен за посмртно одликување.

Во понеделникот борците на „Исламската држава“ извршија минофрлачко гранатирање на гарнизон на сириската армија. Во текот на гранатирањето загина руски воен советник кој во тоа време се наоѓал во базата. Офицерот посмртно е предложен за одликување.

„Рускиот воен советник во Сирија извршувал задачи за давање помош на сириската армија во обука за користење на новото вооружување, испорачано во рамките на воено-техничката соработка“, соопштија од министерството.  

Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков ја објасни улогата на воените советници во операцијата на Воздушно-космичките сили на РФ во Сирија. „Тие не учествуваат во копнените операции, тие консултираат. Од Министерството за одбрана беа дадени појаснувања, станува збор имено за консултантите и тоа е поврзано со обуката на сириските колеги да управуваат со техниката која се доставува во Сирија во рамките на важечките договори“, истакна Песков.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња