Москва одбива да ги условува преговорите со воената операција во Сирија

Обидите на сириската опозиција да ги прекинат преговорите поради руската воена операција во Сирија се неприфатливи, изјави во четвртокот заменик-министерот за надворешни работи на РФ Генадиј Гатилов.

Обидите на сириската опозиција да ги прекинат преговорите поради руската воена операција во Сирија се неприфатливи, изјави во четвртокот заменик-министерот за надворешни работи на РФ Генадиј Гатилов, пренесува „Лента. ру“.

„Нивните (на делегацијата на Врховниот комитет за преговори на опозицијата на Сирија) обиди да се прекине преговарачкиот процес под изговор дека Русија продолжува со реализацијата на воената операција во Сирија, се апсолутно неприфатливи, затоа што станува збор за борба со терористичката закана во таа земја. И вториот предлог дека тие не можат да учествуваат во преговорите, затоа што тоа не го дозволува влошената хуманитарна ситуација во Сирија, исто така е неодржлив“, изјави дипломатот.

Гатилов изрази увереност дека обидот да се условат преговорите со хуманитарни прашања е со намера за минирање на преговорите, потсетувајќи дека за тоа не се зборува во резолуцијата на Советот за безбедност на ООН Бр.2254. Тој исто така изјави дека запирањето на преговорите нема да ѝ пречи на Русија да ја продолжи борбата со тероризмот во Сирија.

Претходно, шефот на Врховниот комитет за преговори на опозицијата, поранешниот премиер на Сирија Ријад Хиџаб изјави дека опозицијата нема намера да се врати на преговарачката маса во Женева сѐ додека не се промени ситуацијата во земјата.

Државниот секретар на САД Џон Кери изјави дека властите на Сирија покажале намера да го решат конфликтот по воен пат и го повика Дамаск и неговите сојузници да ја запрат офанзивата против борците на опозицијата. Шефот на МНР Франција Лоран Фабиус исто така го обвини Дамаск и „неговите сојузници“ за обид „да ги торпедираат“ мировните преговори и ја осуди офанзивата на сириската армија во реонот на Алепо.

На 3 февруари специјалниот пратеник на ООН за Сирија Стафан де Мистура соопшти дека преговорите за регулирање на сирискиот конфликт се прекинати до 25 февруари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња