МНР РФ: Турција има што да крие од меѓународната јавност

Москва смета дека е недозволиво Анкара да ѝ забрани на Русија да изврши набљудувачки лет над турска територија во рамите на Договорот за отворено небо, изјави извор во МНР РФ.

„Случајот е секако недозволив, затоа што Договорот за отворено небо денес претставува еден од механизмите кои сѐ уште важат на заедничкиот европски простор. При што договорот е ефикасен и овозможува добивање на сигурни информации за чекорите што ги презема некоја земја или пак, не ги презема“,  ги пренесува „Взгљад“  зборовите на изворот.

Тој нагласи дека „пред година дена нашите западни партнери се трудеа активно да ја обвинат Русија дека спроведува некаква непријавена активност по должината на границата со Украина, но токму летовите на авионите на членките на НАТО пактот во рамките на Договорот за отворено небо во целост ги демантираат сите тие измислици“.  

„Сега се соочуваме со дијаметрално спротивна ситуација од наведената, во која турската страна забрани летови на авиони по должината на турско-сириската граница, што беше задачата на групата руски инспектори во рамките на Договорот“.

„Работата е апсолутно очигледна, ако не ти дозволуваат да леташ значи дека нешто кријат, а имаат што да кријат не само од нас, туку и од меѓународната заедница. Уште еднаш се потврдува загриженоста која руската страна повеќепати ја изнесуваше за користењето на турско-сириската граница со цел поддршка на терористите на „Исламската држава“, рече високопозиционираниот извор во МНР РФ.

Претходно МНР Турција соопшти дека денеска не ѝ дозволило на Русија да изврши набљудувачки лет поради неможноста за договор за маршрутата.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња