МО Русија: Турската војска ја гранатира територијата на Сирија

Руското Министерство за одбрана располага со несоборливи докази дека турската војска ја гранатира територијата на Сирија, изјави портпаролот на воениот ресор генерал-мајор Игор Конашенков.

Министерството за одбрана на Русија има несоборливи докази дека војската на Турција ја гранатира територијата на Сирија, рече портпаролот на рускиот одбранбен ресор генерал-мајор Игор Конашенков на денешниот брифинг, пренесува ТАСС.

Сириската армија им предаде на Вооружените сили на Русија видео-снимка која докажува дека турската артилерија со голем калибар ги гранатира сириските населби во близина на границата, истакна Конашенков.  

„Ако се потребни докази – повелете“, рече генерал-мајорот. „На снимката се гледа турски воен објект на границата каде уште пред неколку месеци немаше артилериско оружје“.

Министерството за одбрана на РФ исто така очекува претставници на НАТО и Пентагон брзо да реагираат и да го објаснат однесувањето на турската војска, додаде Конашенков, алудирајќи на одговорот што се бара од Русија по повод наводната повреда на воздушниот простор на Турција

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња