Путин: Да не се дозволи ширење на вирусот „Зика“ во РФ

Претседателот исто така повика да се контролира ситуацијата и да се работи на пронаоѓање на лек за вирусот.

Претседателот на Русија Владимир Путин ѝ наложи на министерката за здравство Вероника Скворцова да не дозволи ширење на вирусот „Зика“ на територијата на Русија.   

„Таму уште некаква гадост од Латинска Америка се префрла, исто некаков вирус. Комарците го разнесуваат, тие, се разбира, нема да го прелетаат океанот, но инфицираните луѓе можат да го прелетаат и го прелетуваат“, рече шефот на руската држава на состанокот со членовите на владата.

Според зборовите на Путин, нов вирус се појавил во Европа. Затоа шефот на државата побара „да се обрне внимание на тоа, затоа што вирусот ги напаѓа бремените жени и може да има тешки последици по децата“. „Потребно е внимателно да се однесуваме спрема тоа, меѓу другото, вие имате добро искуство во работата со транспортните компании, со авијациските компании, да се разбере кои се признаците и оперативно да се реагира“, побара претседателот на РФ. Тој додаде дека „се разбира, потребно е да се работи и на (антивирусни) препарати“, пренесува ТАСС.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња