ЕУКОМ: Одвраќањето на руската агресија е нашиот приоритет во Европа

Командата на американската војска во Европа (EUCOM) истакна дека главен приоритет ѝ е „одвраќањето на руската агресија“.

Командата на Вооружените сили на САД во Европа има нова воена стратегија на континентот за следните 3-5 години, а како основен приоритет го избра „одвраќањето на руската агресија“.

2015 година е една од најтешките години по завршувањето на студената војна, стои во документот на ЕУКОМ објавен во вторникот. Безбедносната ситуација во Европа значително се промени, а американската команда гледа дека заканите доаѓаат од три правци, пренесува „Дојче Веле“.

Главната причина за загриженоста на САД е Русија, „нејзиното агресивно однесување во Источна Европа“, како и „милитаризацијата на Арктикот“. Истовремено на Европа од југ ѝ се заканува терористичката организација „Исламска држава“, стои во документот.

„Нашата команда го фокусираше вниманието на реваншистичка Русија, масовните миграции и терористи“, изјави командантот на ЕУКОМ Филип Бридлав.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња