Корумпираноста на претседателот на Русија Владимир Путин, за која го обвинува Министерството за финансии на САД, е измислица, ги пренесува „Лента.ру“ зборовите на портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков..
„Ниту едно од тие прашања (за учеството на Путин во корупција) не бара одговор, затоа што тие се чиста измислица“, изјави Песков.
Претходно во понеделникот портпаролот на Министерството за финансии на САД Адам Шубин во интервју за „Би-Би-Си“ го обвини Путин за корупција. „Видовме како тој (Путин) ги збогатува своите пријатели, блиски сојузници, а ги маргинализира оние кои не ги смета за пријатели и кои не владеат со државните активи. Независно дали е тоа енергетското богатство на Русија или други државни договори, тој го дава тоа (активите) на оние кои ќе му служат и ги исклучува оние кои нема да му служат“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче