Производството на ПАК ФА почнува во 2017 година

„Денеска Т-50 бр. 11 е завршен 60-70%. Тоа е конечен модел на пробаната група. 100% сум сигурен дека оваа година ќе ги завршиме државните испитувања“, изјави командантот на Воздушно-космичките сили на Русија генерал-полковник Виктор Бондарев.

Русија во 2017 година ќе почне со сериско производство на напредниот авио-систем на фронтовска авијација (ПАК ФА, Т-50), соопшти командантот на Воздушно-космичките сили на Русија генерал-полковник Виктор Бондарев.

„Ме радува работата на индустријата во оваа насока. Неодамна го посетив Комсомолск на Амур, ја погледнав работата на претпријатието врз овој авион. Денеска Т-50 бр. 11 е завршен 60-70%. Тоа е конечниот модел на пробната група. 100% сум сигурен дека оваа година ќе ги завршиме државните испитувања. Следната година треба да почне сериското производство“, рече Бондарев, а пренесува „Взгљад”.

Бондарев потсети дека во 2015 година во текот на тестирањето на петтиот авион Т-50 му се запалил моторот. „Авионот е поправен, петтиот авион лета. Тоа кажува дека авионот има огромен потенцијал за поправка. Тоа е добар авион и таков авион ни е потребен“, истакна Бондарев.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња