МО: Соопштенијата дека Турција соборила воен авион на РФ се нонсенс

Соопштенијата дека ВВС Турција наводно собориле руски воен авион не одговараат на реалноста, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на РФ Игор Конашенков.

Министерството за одбрана на РФ ги негира соопштенијата на странските социјални мрежи дека ВВС Турција наводно собориле руски воен авион, изјави портпаролот на МО РФ Игор Конашенков.  

„Овие соопштенија се апсолутен нонсенс. Сите наши авиони кои извршуваат задачи за уништување на објекти на терористичката инфраструктура во Сирија успешно се вратија во авиобазата“, рече Конашенков, пренесува РИА „Новости“.

Тој објасни дека три дена по ред во рамките на организираната тура за претставници на медиумите на аеродромот „Хмејмим“ слободно работеле околу 50 новинари на водечки странски медиуми, затоа би било невозможно да се сокрие таков факт.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња