Наришкин: Прекуокеанските дејци претераа во обидите да ја ослабат Русија

„Дејците преку океанот веќе ги поткопуваат темелите на благосостојбата на целиот западен свет. Притисокот што се врши врз Русија доведе до раскол во самата Европска унија“, нагласи претседателот на руската Државна дума Сергеј Наришкин.

Надворешниот економски и пропаганден притисок врз Русија доведе до поделба во самата Европска унија, смета претседателот на Државната дума на РФ Сергеј Наришкин.

„Забележуваме дека надворешниот притисок врз Русија, како економскиот, така и пропагандниот, продолжува. Но во таа желба да нѐ ослабат, прекуокеанските дејци очигледно претераа, нивните аналитичари предвидуваат, на пример, значително намалување на соработката на ЕУ и САД, а Велика Британија, која се подготвува за референдум за останување во Унијата, му поднесе на Брисел низа барања кои би можеле критично да го променат карактерот на тој интеграциски проект. Да речеме, тоа би можело да се случи поради враќањето на низа овластувања на националните парламенти на членките на Унијата кои претходно веќе беа пренесени на различни европски структури“, рече Сергеј Наришкин отворајќи го пролетното заседание  на Државната дума.

„Притоа кризните појави на глобално ниво само се зголемуваат, а судбината на светот директно зависи од усогласувањето на напорите на низа држави во борбата против меѓународниот тероризам“, нагласи Наришкин, пренесува РИА „Новости“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња