Русија го зазема 12 место на листата на најиновативни економии во светот. Рејтингот го составија аналитичарите на „Блумберг“, давајќи ѝ на Русија 78,85 поени, пренесува РИА „Новости“.
Економијата на Русија според показателот „иновативност“ претекнува земји како што се Австрија, Норвешка, Белгија, Велика Британија, Холандија, Канада, Кина и редица други.
Водечките позиции ги заземаат Јужна Кореја (91,31 поени), Германија (85,54) и Шведска (85,21). Во првата десетка влегуваат и Јапонија, Швајцарија, Сингапур, Финска, САД, Данска и Франција.
Рејтингот беше составен врз основа на седум основни критериуми: расходи за иновации, додадена вредност при производството, продуктивност на научната работа, ефективност на научните центри, концентрација на истражувањата, индекс на регистрација на патенти, густина на високотехнолошки компании.
Според показателот „концентрација на истражувањата“ Русија го зазеде првото место (вкупно 27 поени), додека лидерот на рејтингот – Јужна Кореја – за истиот показател доби вкупно 6 поени.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче