Премиерот на Јапонија Шинџо Абе во интервју за „Фајненшел Тајмс“ изјави за заинтересираноста за добри односи со Русија, потенцирајќи дела помошта од Москва е неопходна за решавање на ситуацијата на Блискиот Исток.
Абе изјави дека би сакал годинава да ја посети Москва или да го покани рускиот претседател во Токио, пренесува РИА „Новости“.
„Потребна ни е конструктивна соработка со Русија“, рече јапонскиот премиер, укажувајќи на сирискиот конфликт, заострувањето на односите меѓу Саудиска Арабија и Иран, како и заканата од радикалниот исламизам.
Зборувајќи за спорот со Москва околу Јужните Курилски острови, Абе истакна дека како претседател на „Г-7“ треба „да се занимава со барање решенија во интерес на стабилноста како во регионот, така и во светот во целина“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче