Ди Каприо би сакал да го игра Путин

Холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо смета дека рускиот претседател е „многу, многу интересен“, воодушевен е од руската историја и подготвен е да го одигра не само Путин, туку и Ленин и Распутин.

Холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо во интервју за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ изјави дека со големо задоволство би прифатил да ја одигра улогата на претседателот на РФ Владимир Путин.

„Путин би бил многу, многу интересен, со големо задоволство би ја одиграл таа улога“, рече познатиот актер.

Ди Каприо исто така рече дека со Владимир Путин се сретнал пред неколку години во Санкт Петербург на форум посветен на заштита на сибирските тигри.

„Мојот фонд пружа финансиска подршка на бројни проекти за заштита на овие загрозени животни. Путин и јас разговаравме за зачувување на величествените амурски тигри, а не за некаква политика“.

Ди Каприо исто така призна дека е воодушевен од руската историја.

„И Ленин би бил многу интересна филмска улога. Со задоволство би го одиграл и Распутин. Сметам дека за руската историја би требало да се снимаат повеќе филмови“, рече Леонардо Ди Каприо, а пренесе агенција РИА Новости. 

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња