Путин ја спореди демократијата во Русија и САД

Не може да има еднаква американска, германска, руска, индиска демократија, изјави претседателот на Русија Владимир Путин.

„Веројатно, ние имаме уште многу проблеми поврзани со тоа што луѓето почувствуваа дека тие реално влијаат на власта, а власта реагира на нивните барања. Ќе работиме на тоа да ги усовршиме нашите инструменти“, изјави Путин во интервјуто за германски „Билт“.  

Според неговите зборови, „за слободата, како правило, зборуваат владејачките класи за да им ги замачкаат очите на оние со кои владеат“, пренесува „Взгљад“.

„Ништо ново нема во врска со демократијата во Русија. Како што веќе утврдивме, демократијата е власта на народот и влијанието на народот врз власта. Ние добро ја примивме вакцината од едноличното владеење од страна на една политичка сила – Комунистичката партија, КПСС. Затоа, се разбира, одамна го направивме нашиот избор и ќе ги развиваме институциите на демократијата во земјата“, изјави Путин.

Тој потсети дека во Русија 77 партии можат да учествуваат на парламентарните избори, вратени се директните избори за губернатори, макар што во некои земји раководителите на региони се назначуваат од централното раководство.

„Ние ги развиваме и понатаму ќе ги развиваме инструментите на директната демократија, имајќи ги предвид најразличните општествени организации. Но не може да има еднакви клишеа на полето на демократијата – американската, европската – германската, руската, индиската“, истакна Путин.

Како пример тој ги наведе САД, каде имаше два случаи на избор на претседател со голем број избирачи, зад кои стоеше помал број избирачи.

„Што е тоа – отсуство на демократија? Не, се разбира. Но тоа не е единствениот и клучен проблем. Како што ми кажуваше еден од европските лидери: во САД е невозможно да се кандидираш за претседател без да имаш неколку милијарди долари“, изјави Путин.

Што се однесува до парламентарната демократија, рускиот лидер истакна дека нему цело време му велат дека тој долго време работи како претседател.

„Но во парламентарниот систем првото лице е шефот на владата, воопшто без ограничување на бројот на мандати тој може да биде на чело на владата“, истакна претседателот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња