Руската војска купува 50 нови ловци Су-35

Министерството за одбрана на РФ склучи петгодишен договор со компанијата „Сухој“ за набавка на 50 најнови ловци Су-35.

Компанијата „Сухој” ќе му испорача на руското Министерство за одбрана 50 повеќенаменски ловци Су-35, соопшти извор близок до министерството.

Министерството за одбрана на РФ кон крајот на декември склучи петгодишен договор со компанијата „Сухој“ за набавка на 50 најнови ловци Су-35. Вредноста на договорот е над 60 милијарди рубли, пишува „Взгљад”. Договорот стапува на сила 2016 година.

Претходно беше соопштено дека е при крај испораката на првата партија од 48 Су-35 за Воздушно-космичките сили на Русија и дека се подготвува потпишување договор за испорака на уште 48 авиони, така што нивниот вкупен број во составот на Вооружените сили на Русија ќе биде 96.

Су-35 е руски повеќенаменски ловец со реактивен погон и исклучителни маневарски способности од генерацијата 4++. За да биде од петта генерација, му недостига единствено стелт-технологија и радарски систем АФАР.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња