Jaцењук: Украина нема да купува руски гас за 212 долари

Русија од 1 јануари 2016 година ја утврди извозната царинска давачка за гасот што се испорачува од руска територија во Украина, според која Киев ќе може да го купува од јануари-март со попуст по цена од 212,23 долари за илјада метри кубни.

Украина нема да купува руски гас по понудената цена од 212 долари за илјада кубни метри, затоа што од Европа купува поевтино, изјави премиерот на Украина Арсениј Јацењук.  

„Престанавме да купуваме гас од Руската Федерација. На 1 јануари тие понудија цена на гасот од 212 долари за илјада кубни метри. Ние не купуваме гас од Русија, затоа што купуваме од Европската унија поевтино од она што ни го понуди Русија. Просечната цена на гасот во Европската унија е околу 200 долари“, изјави Јацењук во неделата, пренесува РИА „Новости“.

Претходно владата на РФ ја утврди извозната царинска давачка за гасот што се испорачува од руска територија во Украина за првиот квартал на 2016 година. При договорна цена од 230 долари и со попуст Украина ќе може да купува руски гас од јануари до март по цена од 212,23 долари за илјада метри кубни. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња