Путин им ја честиташе Новата година на Русите

Во своето традиционално новогодишно обраќање, претседателот на РФ Владимир Путин нагласи дека мнозинството Руси го слави празникот во кругот на семејството.

Претседателот Владимир Путин им ја честиташе на граѓаните на Руската Федерација Новата година. Во своето традиционално обраќање шефот на државата нагласи дека мнозинството Руси го слави празникот во кругот на семејството, но и дека постојат и такви кои мораат да работат во болниците и фабриките и кои се на службени или на воени должности.

„Им благодариме на сите оние кои дење и ноќе, во работни денови и празници, се секогаш на должност“, рече Путин.

„Особено сакам да им го честитам празникот на нашите војници кои се борат против меѓународниот тероризам, бранејќи ги националните интереси на Русија на далечните граници, покажувајќи волја, решителност и цврстина на карактерот“, рече Путин во новогодишното обраќање до нацијата, пренесува телевизијата „Ѕвезда“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња