Новак: „Турски тек“ има иднина

Проектот „Турски тек“ има иднина, но за негова реализација Европската комисија треба да ја развива соодветната инфраструктура за транспорт на гас во Централна и Источна Европа, изјави министерот за енергетика на Русија Александар Новак.

„Тука е многу важен развојот на соодветна инфраструктура во Централна и Источна Европа. Сега со тоа се занимава Европската комисија, со министрите за енергетика на Југоисточна Европа се подготвуваат предлози за развој на соодветна транспортна инфраструктура за транспорт на гас. И ако има такви предлози, сметам дека таа траса би била многу интересна и важна за потрошувачите во Централна и Источна Европа. Затоа во овој случај има перспектива за да овој проект биде реализиран во иднина“, изјави Новак, пренесува „Взгљад“.  

Министерот за енергетика на Русија истакна дека преговорите за проектот сѐ уште не се обновени, меѓутоа можат да бидат продолжени „ако нашите колеги бидат заинтересирани за реализација на овој проект“.

„Русија има гас, рускиот гас е доволно евтин, ние имаме соодветна структура и ние гарантирано сме подготвени да испорачуваме и да ги зголемуваме обемите на испорака. Затоа сметам дека таа соработка е економска, комерцијална – треба да продолжи и ќе биде ефективна за двете страни“, изјави Новак, одговарајќи на прашање за иднината на испораките на руски гас во Турција.

Преговорите меѓу Москва и Анкара за реализација на проектот „Турски тек“ беа запрени поради влошувањето на односите меѓу двете земји. Притоа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека проектот „Турски тек“ е замрзнат по инцијатива на Анкара.  

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња