Серијата „Маша и Мечокот“ со над милијарда прегледи на „Јутјуб“

Епизодата „Маша + каша“ на руската анимирана серија „Маша и Мечокот“ собра над 1 милијарда прегледи на „Јутјуб“.

17 епизода на руската анимирана серија „Маша и Мечокот“ собра над 1 милијарда прегледи на „Јутјуб“, пишува „Афиша.ру“.

Како што изјавија творците на анимираниот филм од студиото „Анимакорд“, оваа епизода стана првото видео на руски јазик кое било погледнато од толкав број на посетители.  

Епизодата од седум минути под наслов „Маша + каша“ беше објавена на „Јутјуб“ во 2012 година. Во неа се раскажува како девојчето Маша, откако ќе остане без надзор, вари толку многу каша што успева да ги нахрани сите животни во шумата. Бројот на прегледи пред објавувањето на веста изнесуваше 1 015 916 011.

Претходно водечкиот американски магазин за анимација Animation Magazine ја вклучи руската анимирана серија во списокот со 250 проекти кои во иднина можат да станат класика. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња