САД го проширија списокот со санкции против Русија

Властите на САД ставија на списокот 34 физички лица и организации од Русија и Украина.

Министерството за финансии на САД објави список на санкционирани 34 физички лица и организации од Русија и Украина во врска со ситуацијата во Донбас, се вели во соопштението објавено во вторникот.  

Лицата и организациите, според тврдењето на министерството, ѝ помагаат на Русија да се меша во внатрешните работи на Украина.

„Денешниве потези ја потврдуваат приврзаноста на САД кон барањето начини за дипломатско решавање на кризата во Украина и кои се поддржани од нашите санкции во однос на Русија“, се вели во соопштението на американското министерство.

Од амбасадата на САД во РФ за РИА „Новости“ изјавија дека Вашингтон не го проширил списокот со санкции, туку само го прецизирал претходниот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња