Советот на ЕУ официјално ги продолжи санкциите против РФ за половина година

Советот на ЕУ официјално ги продолжи санкциите против Русија за уште половина година, одобрувајќи ја на тој начин одлуката усогласена од страна на амбасадорите на 28 земји-членки на унијата уште на 18 декември, соопшти прес-службата на Советот.

„На 21 декември 2015 година Советот ги продолжи економските санкции против Русија до 31 јули 2016 година“, се истакнува во изјавата што ја пренесува „Рамблер.ру“. 

Продолжувањето на европските санкции за Русија беше очекувано и воопшто нема да влијае врз руската економија, соопшти претходно министерот за економски развој на РФ Алексеј Уљукаев.

„Тоа беше очекувано решение, ништо ново не слушнавме, апсолутно никако нема да влијае врз економијата на РФ“, изјави тој.

Претходно беше соопштено дека амбасадорите на ЕУ се договориле за продолжување на економските санкции против РФ до 31 јули 2016 година.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња