Кремљ без коментар за наводните руски жртви во Сирија

Кремљ не располага со информација за наводно загинување на деветмина руски војници во Сирија, соопшти во понеделникот портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков.

„Не располагаме со таква информација. Дотолку повеќе што повторно информацијата е индиректна, без некакви извори. Овде одвај може да се каже нешто“, рече Песков, коментирајќи ја веста на „Вол Стрит Џурнал“ за наводно загинување на деветмина Руси кои војуваат во Сирија на страната на Башар Асад, пренесува „Взгљад“.

Песков исто така соопшти дека Кремљ не ги коментира соопштенијата во медиумите за наводни жртви од воздушните напади на ВКС Русија во сириската провинција Идлиб.

„Тоа воопшто нема да го коментирам. Со целата информација од контролата на резултатите од нанесувањето на удари располага Министерството за одбрана. Всушност, тоа е нивна тема. Ви препорачувам да се обратите до нив“, додаде Песков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња