Рогозин покажа како се стрела од пиштол „на македонски начин”

Потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогозин беше во стрелиште каде демонстрираше стрелање од пиштол.

Потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогозин на интернет објави видео-снимка во која ги покажува своите вештини за стрелање од пиштол.

Рогозин викендов посети едно стрелиште каде одржа демонстрација на таканаречено интуитивно гаѓање, како и стрелање од два пиштоли.

„Сите патишта водат на стрелиште”, се пошегува Рогозин на својот Твитер-профил, пренесува РИА „Новости”.

Рускиот политичар без потешкотии ги погоди сите мети, а исто така покажа и како се стрела од два пиштоли, што во Русија се вика гаѓање „на македонски начин”.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња